
Сериозен случај на кражба на електрична енергија вредна повеќе од 56.000 евра е откриен во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, соопшти компанијата Електродистрибуција.
Контролата ја спровел специјализиран тим на компанијата задолжен за откривање на неовластено користење на струја. При проверката било утврдено дека објектот, во кој работат ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, бил нелегално приклучен на електричната мрежа.
Подземна шахта за директен приклучок
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Од Електродистрибуција информираат дека струјата била крадена преку специјално изработена подземна шахта, од каде бил направен директен приклучок на нисконапонски кабел од дистрибутивната мрежа.
„При контролата беше откриен систем за неовластено користење електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта, со што бил овозможен директен приклучок на кабелски вод од дистрибутивната мрежа“, соопштија од компанијата.
Штета од повеќе од 3,4 милиони денари
Според пресметките на Електродистрибуција, со нелегалното приклучување е направена штета од 3.459.428 денари, односно над 56.000 евра.
Компанијата нагласува дека ваквите случаи претставуваат сериозно кривично дело и предизвикуваат значителна финансиска штета за електроенергетскиот систем.
Поднесена пријава во МВР
Против лицата кои стојат зад случајот се преземени законски мерки. Поднесена е пријава до Министерството за внатрешни работи, а случајот се води како кривично дело согласно член 235-а од Кривичниот законик.
Од Електродистрибуција додаваат дека борбата против кражбата на електрична енергија останува еден од нивните приоритети и дека контролите ќе продолжат и во наредниот период.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







