во

СДСМ СО НОВИ ОБВИНУВАЊА: Мицкоски избега од Гостивар, а водата забранета и во Демир Капија!

Опозицискиот СДСМ упати нови остри критики кон Владата за начинот на кој се справува со проблемите со квалитетот на водата за пиење. Партијата посочува дека токму на денот кога функционери наздравуваа со водата во Гостивар, од Демир Капија пристигнало предупредување за неисправност на водата.

Од партијата информираат дека Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија официјално објавило дека водата од нивниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење. СДСМ директно го обвинува премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство за нивното целосно отсуство за време на кризата во Гостивар.

ПР спектакл наместо решенија

Супер Попуст -25%

Според СДСМ, Мицкоски ниту еднаш не се појавил во Гостивар откако започна кризата со водата и влошената епидемиолошка состојба во градот, препуштајќи им го пиењето вода пред камери на други претставници на институциите.

„Вчера во Гостивар организираа здравица и групна фотографија со чаши вода. Срамота. Премиерот и министерот за здравство не беа таму. Од екскурзија „пуштаа“ вода“, наведуваат од СДСМ.

Сомнежи за водата низ целата држава

Опозициската партија предупредува дека проблемите со квалитетот на водата не се ограничени само на Гостивар и Демир Капија. Тие тврдат дека во повеќе од 50 градови нема редовни и јавно достапни анализи на водата, како и дека постојат сериозни сомневања за неисправност и загадување на четири реки.

„Наместо официјални извештаи, лабораториски анализи и редовни контроли на квалитетот на водата, ние имаме луѓе кои пијат вода од чешма и врз основа на тоа тврдат дека водата е чиста и безбедна. Од кога тоа е метод за проверка на исправноста на водата?“, прашуваат од партијата.

СДСМ бара итна одговорност од надлежните институции и официјални докази за исправноста на водата, порачувајќи дека граѓаните бараат решенија и одговорност, а не здравици.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Не стивнува пожарот на Долги Оток, пет лица повредени во Омиш се во животна опасност!

ТРАМП СО ШОКАНТНА НАЈАВА: Можеби наскоро ќе го прогласам Ормускиот Теснец за американска територија!