
Мицкоски со силна порака за Денот на турскиот јазик: „Образованието на мајчин јазик е цивилизациска вредност“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик, истакнувајќи ја важноста на образованието на мајчин јазик. Во својата порака на Фејсбук, тој нагласи дека можноста секое дете да учи на својот јазик не е само педагошка потреба, туку и „длабока цивилизациска вредност и уставна определба“. Мицкоски потенцираше дека наставата на турски е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Премиерот вети дека Владата сериозно ја сфаќа одговорноста да обезбеди услови за квалитетно образование за сите. „Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата“, порача Мицкоски, потврдувајќи ја заложбата за градење систем темелен на почит и еднаквост.


