во ,

Сонце и облаци денеска: Температурите ќе се искачат до 13 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладнето во одделни котлини ќе биде одбележано со појава на магла.

Според прогнозата, ќе дува слаб променлив ветер, а утрата остануваат студени со минимални температури од -5 до -1 степен. Сепак, во текот на денот се очекува затоплување, при што максималните вредности ќе достигнат интервал од 6 до 13 степени.

Супер Попуст -25%

Во главниот град Скопје утрото започнува со минимални -4 степени и појава на магла во делови од котлината, додека дневната температура ќе се искачи до 6 степени. Метеоролозите најавуваат дека стабилното и претежно тивко време ќе се задржи сè до понеделник, додека промена на временската состојба со локални врнежи од дожд се очекува во вторник.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тага во ВМРО-ДПМНЕ: Прерано згасна животот на поранешниот претседател на УМС

СДСМ грми по гласањето: „ДПМНЕ и ЗНАМ го заверија предавството на Македонија“