
Трамп спушти рампа: Суспендирана имиграцијата од 19 неевропски земји поради национална безбедност и масовни измами
Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за итно паузирање на сите апликации за имиграција, вклучително и обработката на зелени карти и барања за државјанство, кои доаѓаат од 19 неевропски земји. Овој потег следи по серијата остри коментари на Трамп упатени кон Сомалија и сомалиските мигранти, поврзани со голем скандал во Минесота. Според наводите, таму биле исплатени над милијарда долари на непостоечки социјални служби преку лажни сметки поврзани со лица од Сомалија.
„Црната листа“ и нападот во Вашингтон како повод
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Официјалниот меморандум за оваа одлука се повикува на националната безбедност, директно посочувајќи го неодамнешниот напад врз Националната гарда во Вашингтон, извршен од авганистански државјанин, во кој еден војник загина, а друг беше ранет. На листата на земји чии граѓани ќе подлежат на „темелен преглед“ и можни повторни интервјуа се: Авганистан, Бурма, Чад, Конго, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Јемен, Венецуела, Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того и Туркменистан. Трамп најави дека приоритет е строгото спроведување на законите и засилување на депортациите.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








