во ,

Трендафилов: Македонците ќе бидат најсиромашни во Европа, сите соседи нè претркаа!

Ултиматум од ССМ: „Или повисока минимална плата, или 2026 ја почнуваме со масовни протести!“

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати остра порака по денешната седница на Економско-социјалниот совет: ако нема итен договор за раст на минималецот, работниците ќе излезат на улица. Иако се лицитирало со суми од 600 до 1.000 евра, Трендафилов истакна дека нема реално расположение кај Владата и работодавачите за покачување од 1 јануари. „Македонските работници Новата година ќе ја дочекаат како најсиромашни на Балканот и во Европа“, предупреди тој.

Соседите нè претркаа: Албанија и Косово со 500 евра, ние уште преговараме

Супер Попуст -25%

Синдикалниот лидер изнесе поразителни споредби: од 1 јануари Албанија воведува минималец од 500 евра, Србија оди на 550 евра, а во БиХ минималната плата ќе ја стигне нашата просечна. „Ако не се слушне јазикот на аргументите, ќе се слушне гласот на улица. Како во 2022, така и во јануари 2026 сме подготвени за штрајкови“, се закани Трендафилов. Премиерот Мицкоски, пак, одговори дека Владата не е против, но зголемувањето мора да биде економски одржливо и договорено со работодавачите.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Заборавете на грижата на совеста: Докторката објасни зошто џварките не се непријател на здравјето

Официјално потврдено: Анџела Агелер заминува од Македонија