
Божиќната магија во холандската покраина Гелдерланд се претвори во трагедија откако автомобил влета во толпа луѓе кои чекаа да ја гледаат празничната парада во градот Нунспет.
Според првичните информации, повредени се најмалку 10 лица, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот веднаш пристигнале три хеликоптери за итна медицинска помош.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Полицијата во моментов го истражува случајот, но засега не можат да потврдат дали се работи за несреќен случај или за намерен напад. Традиционалната парада, која требаше да се одржи вечерва (понеделник), е веднаш откажана.


