
ВМРО-ДПМНЕ со жестока критика: „Реформите“ на Филипче се само враќање на кадрите на Заев
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на именувањето на новите членови во Извршниот одбор на СДСМ, оценувајќи го потегот како доказ дека опозициската партија не се откажува од политиките на Зоран Заев. Во партиското соопштение се наведува дека изборот на Александар Наумоски и Драган Крајовски е потврда дека „ништо не е сменето“ и дека се обидуваат да продадат стари лица како нова енергија.
Скандали со машини за перење и злоупотреби во затвори
Партијата потсетува на контроверзите поврзани со новите функционери. За поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Наумоски, посочуваат на набавката на две машини за перење по цена од 25.500 евра и зголемувањето на платата во услови кога општината имала проблеми со вода и депонии. За Крајовски, екс-директор на затворот „Црн мост“, обвинуваат дека молчел за пожари во ќелиите и ги користел службените возила за приватни патувања во странство.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден







