
„Белиот лебед“ на Путин: Русија ја засилува нуклеарната тријада со два нови бомбардери Ту-160М
Руските воздухопловни сили до крајот на годината ќе добијат два целосно нови стратешки бомбардери Туполев Ту-160М. Министерот за одбрана Андреј Белоусов потврди дека станува збор за летала произведени со обновени технологии, вклучувајќи сложено вакуумско заварување на титаниумски конструкции. Овие авиони, познати како „Бели лебеди“ (или Blackjack според НАТО), се опремени со нови мотори и радари, достигнувајќи брзина од 2.400 км/ч.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден

Историска иронија: Ги купија од Украина, сега ги користат против неа
Ту-160М е најтешкиот суперсоничен авион на светот, способен да носи 40 тони бомби или крстосувачки ракети со дострел над 5.000 километри. Иронијата на историјата е во тоа што Русија во 90-тите години откупи осум вакви летала токму од Украина (за да ги спаси од сечење), а денес тие се користат како платформи за лансирање проектили кон украинска територија, останувајќи надвор од дофатот на ПВО системите.


