во ,

Временска клацкалка: Од 34 степени до пороен дожд и град во попладневните часови!

Временска прогноза: Високи температури до 34 степени, но попладне се очекуваат грмежи и град

Времето денеска низ државата ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Сепак, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе донесе пороен дожд, грмежи, засилен ветер, па дури и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме проследено со град.

Температурен опсег и прогноза за Скопје

Супер Попуст -25%

Утринските температури низ Македонија се движат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат вистински летни и ќе достигнат од 23 до високи 34 степени Целзиусови. Слична ќе биде ситуацијата и во главниот град. Во Скопје претпладнето ќе биде сончево и топло, но попладне во одредени делови од котлината се очекува дестабилизација со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Температурата во Скопје ќе се движи од минимални 15 до максимални 32 степени.

Што нè очекува во следните денови?

Сличен временски образец ќе се задржи и во наредниот период. Претпладневата ќе бидат претежно сончеви и топли со мала до умерена облачност, но попладневните часови редовно ќе носат локален развој на нестабилност со врнежи и грмежи. Метеоролозите предупредуваат дека поради големата енергија акумулирана во атмосферата, и во следните денови ќе постојат реални услови за поинтензивни процеси и изолирани невремиња со појава на град.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Свадбен спектакл во Италија: Дуа Липа блесна во венчаница вредна за восхит!

Макрон без влакна на јазикот: Русија доживува воен и економски крах!