
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Овните денес ќе бидат во движење, весели и динамични. Ќе остварите контакти со интересни луѓе, ќе бидете активни, ќе флертувате и ќе уживате во случувањата кои ги носи денот. Доколку имате партнер – убав ден е за интересни и опуштени разговори.
♉
Бик
Денес веројатно имате милион обврски кои морате да ги завршите, па поголемиот дел од претпладневните часови ќе ги поминете „во акција“. Доколку партнерот ве иритира со своето однесување или постапки – обидете се да искулирате и да не си го расипете денот.
♊
Близнаци
Во движење сте, во последен момент ги менувате плановите, договорите и веројатно ќе се обидувате да бидете на повеќе места во исто време. Партнерот е убаво расположен, па вистински момент е за заеднички активности.
♋
Рак
Денешниот ден поминете го во контакт со личностите кои ги сакате, не брзајте никаде, бидејќи колку повеќе брзате, толку помалку ќе направите. Затоа, дајте си одвреме-навреме простор да здивнете, но и добро да се одморите. Интензивно размислувате за некого кого долго не сте го виделе.
♌
Лав
Кога денес би можеле да отидете на сто страни одеднаш, тоа би било повеќе од добро. Од сите страни имате покани од оние кои би сакале да бидат во ваша близина. Сè поврзано со друштвеноста е многу активно, па доколку не може поинаку – ќе бидете на социјалните мрежи.
♍
Девица
И вие денес сте „развлечени“ на повеќе страни, но главно по прашањето на обврските кои ги имате поврзани со домот, членовите на семејството или по прашањето на ветувањата кои сте ги дале. Па, би било добро некои од нив и да ги исполните. Малку ќе ве умори оваа недела, па потрудете се попладне да се одморите од сè.
♎
Вага
Нема тука што посебно да се зборува – за Вагите оваа недела е многу активна по прашањето на комуникацијата, договорите со пријателите, а ако ништо друго – ќе се потрудите барем некое време да поминете на прошетка. Со партнерот денес водите интересни и поттикнувачки разговори.
♏
Шкорпија
Со толкава количина енергија која моментално ја носите, можете да поместите планини, па доколку не ја исфрлате преку активност – веројатно ќе ве прави раздразливи и напорни за околината. Предлогот е да ја насочите кон партнерот и да ја потрошите преку страст.
♐
Стрелец
Вие сакате на една страна, вашите пријатели или емотивниот партнер сакаат на друга… Стои дека малку ќе се разминувате во мислењата, но постои опција да пронајдете заедничко решение и да се договорите. Само некој ќе мора да попушти… а би рекла дека тоа ќе бидете вие.
♑
Јарец
Пред вас е опуштен ден во кој ќе можете да се одморите и да ги наполните батериите. На Јарците би им годело и одење во природа или барем подолга прошетка. Потребно ви е да ги растеретите и мислите, а во тоа може да ви помогне друштвото и убавите моменти со пријателите.
♒
Водолија
Водолиите денес се баш во свој фазон, опуштени, лепршави и во добро расположение. Би ви годела и ментална и физичка активност, а ако ништо друго – можете да бидете многу активни на социјалните мрежи. Убав ден за флертување и фина комуникација.
♓
Риби
Рибите веројатно денес најмногу ќе сакаат да им го посветат своето време на домашните и да го поминат денот во кругот на семејството. Оние кои ги сакате и кои ве сакаат ви носат добро расположение, опуштеност и мир. Ќе ви ги тргнат мислите од некои работи кои ве оптоваруваат.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







