во

ДОМ алармира: Здравјето на граѓаните е заложник на дивите депонии, потребни се системски решенија

Политичката партија ДОМ предупредува дека пожарите на депониите во Куманово и Струмица се сериозен аларм за нефункционалниот систем за управување со отпад, кој секојдневно го загрозува здравјето на граѓаните преку ослободување на токсични и канцерогени материи.

Само три депонии со дозвола во цела држава

Горењето на отпадот на нестандардната депонија „Краста“ во Куманово, која е активна веќе шест месеци, како и пожарите на депонијата во Струмица, според ДОМ, бараат итни и суштински промени бидејќи воздухот се загадува со опасни соединенија како диоксини и фурани.

Супер Попуст -25%

Загрижувачки е податокот дека „Краста“ се користи со одлука на Општина Куманово, но нема дозвола за депонирање од Министерството за животна средина. Всушност, законски дозволи во целата држава имаат само три депонии:

  • Депонијата „Дрисла“ во Скопје
  • Депонијата во Гевгелија
  • Депонијата во Гостивар

Од партијата потсетуваат дека регионалниот систем за управување со отпад доцни со години, а регионалната депонија кај Свети Николе сè уште не е реализирана, поради што бараат преиспитување на досегашниот пристап и конкретни решенија наместо празни ветувања.

Предлог за централна постројка и енергетско искористување

Покрај регионалните системи, ДОМ бара да се анализира можноста за изградба на централна постројка за енергетско искористување на отпадот. Се проценува дека ваква инвестиција би чинела од 100 до 120 милиони евра и би имала капацитет за обработка на 300.000 тони отпад годишно. Сепак, тие нагласуваат дека оваа постројка мора да биде оправдана со студија за изводливост, транспарентна постапка и строги еколошки стандарди, и да биде лоцирана надвор од населени места.

„Енергетското искористување не смее да ги замени селекцијата и рециклирањето, туку да ги надополни. Сите досегашни влади ја задолжуваа државата со милијарди евра. Ако се задолжуваме, средствата мора да се вложуваат во функционални системи што носат долгорочна корист за граѓаните. Чистиот воздух и здравјето на луѓето мора да бидат приоритет“, порачуваат од ДОМ.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пресврт на референдумот во Словенија: Граѓаните ги отфрлија измените на Законот за парламентарни истраги

Руски ракетен напад кај Харков: Загинаа три лица, меѓу кои и тинејџери, 25 се повредени