во

Левица со тешки обвинувања: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

Два сериозни случаи во Охрид и Кавадарци повторно го отвораат прашањето за употребата на полициската сила, пречекорувањето на службените овластувања и одговорноста во Министерството за внатрешни работи, обвинуваат од партијата Левица.

Наводи за снимки од насилство во Кавадарци и случајот во Охрид

Во соопштението на Левица се наведува дека до партијата пристигнале видео-снимки од Кавадарци за настан од 24 април 2026 година, кои, според нив, отвораат сериозни сомнежи за насилство врз младо лице и злоупотреба на полициските овластувања. Како што тврдат од партијата, на снимките се гледа дека лицето најпрво е нападнато од четири лица, а потоа, откако е лишено од слобода и со рацете врзани зад грб, е удирано од полициски службеници во пределот на главата, додека полициски службеник во цивилна облека го удира со нога додека е на земја. Од Левица изразуваат загриженост поради наводите дека случајот се обидува да се прикрие поради лични и роднински врски.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Партијата потсетува и на неодамна објавениот случај во Охрид за наводно полициско насилство врз 19-годишно момче, за кој семејството располага со видео-докази и медицинска документација.

Пет прашања до Тошковски и Внатрешната контрола

Од Левица јавно ги повикаа министерот Панче Тошковски и Одделот за внатрешна контрола да одговорат дали е отворена постапка за двата случаи и какви мерки се преземени, дали видео-снимките се официјално прибавени како доказен материјал, дали се испитува одговорноста на присутните или запознаените командири, дали се проверуваат наводите за прикривање и дали ќе има санкции за сите службеници што незаконски употребиле физичка сила.

„Бараме итна, независна и темелна истрага, утврдување на фактичката состојба и неселективна одговорност за секој инволвиран полициски службеник. Полицијата има законска обврска да ги штити граѓаните, а не да ја користи униформата за насилство, заплашување и задоволување лични интереси“, порачаа од Левица.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Директни средби со граѓаните низ сите населени места: ВМРО-ДПМНЕ најави теренски активности до крајот на годината и трибини напролет

Велковски демантира: Не се укинува вториот пензиски столб, одредбата само се пренесува во друг закон