во ,

Мистерија во Женева: Американскиот план за мир во Украина „скратен“ за 9 точки!

Американскиот мировен предлог за завршување на војната во Украина е драстично скратен – од првичните 28 на 19 точки, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од преговорите.

Иако не е прецизирано кои точно елементи се отстранети, американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите во Женева изјави дека е постигнат „огромен напредок“. Ова кратење доаѓа откако европските лидери изразија загриженост за делови од планот, особено оние поврзани со санкциите против Москва и замрзнатите руски средства, тврдејќи дека тоа се одлуки што треба да ги донесе ЕУ.

Трамп и Зеленски го имаат последниот збор

Супер Попуст -25%

Лидерите на ЕУ во понеделникот разговараа за напредокот постигнат во Женева. Сепак, како што нагласи Рубио, конечниот текст на договорот ќе мора да биде одобрен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и претседателот на САД, Доналд Трамп, пред официјално да биде испратен до Москва.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крадат фарови од „Порше“ за да садат марихуана? Бизарниот тренд што ја загрижува Европа

Путиновиот човек пресече: „Американскиот план е прифатлив, европскиот не ни одговара!“