во

СДСМ за случајот со „Алта банка“: Финансиската полиција потврди дека Народната банка не побарала проверки, зошто Обвинителството молчи?

Директорот на Управата за финансиска полиција на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка не побарала проверки за лицата од раководството на „Алта банка“ ниту има отворен предмет, порачуваат од СДСМ, прашувајќи зошто македонското Обвинителство сè уште молчи!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврдил дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со „Алта банка“, ниту побарала од неа проверки за лица од управниот или надзорниот одбор на банката, а притоа признал и дека Финансиската полиција нема отворен предмет. Ова го наведуваат од опозициската партија СДСМ во денешното соопштение до јавноста.

Според партијата, ваквиот тек на настаните покажува дека воопшто не било проверено потеклото на капиталот за кој медиумите во Србија наведуваат дека претставува криминално стекнати пари. Од СДСМ оценуваат дека клучни за влезот на „Алта банка“ во Македонија биле консултациите на гувернерот Трајко Славески со премиерот Христијан Мицкоски, кои Славески јавно ги признал, додавајќи дека Мицкоски вчера во Собранието одбегнал да одговори на прашањето од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со кого го направил договорот за влез на оваа банка во земјава.

Проширување на истрагата во Србија и нови апсења за „Алта банка“

Во соопштението од СДСМ прават паралела со случувањата во соседна Србија, нагласувајќи дека истрагата таму дополнително се проширува и веќе има нови осомничени и уапсени лица. Како што посочуваат од партијата, уапсен е Дубравко Мацура, брат на претходно приведениот сопственик на банката Давор Мацура, под сомнение дека неовластено влегувал во трезорот на банката, изнесувал готовина во евра и му ја предавал на својот брат, а во истиот случај е уапсена и директорката на „Алта пеј груп“, Татјана Бундало.

Од опозициската партија потсетуваат дека во Србија се води истрага, има приведени лица, одземена е лиценцата на „Алта банка“ и се истражуваат 380 милиони евра, додека во Македонија нема никаква институционална реакција и Јавното обвинителство сè уште не отвора истрага за овој случај.

Прашања до Обвинителството за кривичната пријава поднесена на 12 ноември

Реагирајќи на отсуството на постапка од страна на надлежните органи, од СДСМ јавно прашуваат зошто Обвинителството молчи и дали постои политички притисок ништо да не се презема со цел да се заштитат Мицкоски, Славески и сите инволвирани во случајот со „Алта банка“.

На крајот од соопштението, од СДСМ потсетуваат дека уште на 12 ноември поднеле кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени лица во Народната банка, нагласувајќи дека јавноста сè уште нема информација дали воопшто се постапува по неа или пријавата се држи во фиока.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска во Охрид започнува судењето против Кристијан Корабоски за бруталниот напад врз неговата девојка

Кои финансиски друштва за брзи кредити имаат лиценца за работа во Македонија?