
Пожар избувна попладнево во атарот меѓу селата Вељуса и Ангелци во струмичко, а поради силниот ветер огнот брзо се ширел
Според информациите од Територијалната противпожарна единица Струмица, била зафатена поголема површина со сува трева и трски. Пожарот избувнал околу 12.30 часот и поради временските услови постоела опасност од негово натамошно проширување.
Интервенција со две возила
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
ТППЕ Струмица интервенирала со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители. Благодарение на брзата реакција, пожарот бил целосно изгаснат околу 15.00 часот.
Со навремената интервенција е спречено ширење на огнот и предизвикување поголема материјална штета.
Апел до граѓаните
Надлежните потсетуваат дека во случај на пожар или друга природна непогода граѓаните можат да се јават на бројот 112 или 193.


