
Вечерва во легендарниот „IFC Center“ во Њујорк ќе се одржи американската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan) на режисерката Тамара Котевска.
По проекцијата ќе следи разговор со публиката на кој ќе учествуваат Котевска и кинематограферот Жан Дакар, каде американските гледачи и критичари ќе можат одблиску да слушнат за создавањето на филмот и неверојатниот однос меѓу човекот и штркот. Се очекува голем интерес и од македонската заедница во Њујорк.
Двојна трка за Оскар: „Силјан“ оди по стапките на „Медена земја“
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
![]()
Филмот, кој веќе ја освои наградата „Cinema & Arts“ во Венеција и е откупен од престижниот „National Geographic Documentary Films“, е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026 година. Сепак, поради американската дистрибуција, тој се квалификува и за категоријата Најдобар документарен филм.
Со ова, Тамара Котевска повторно има шанса за историска двојна номинација за Оскар, повторувајќи го успехот од 2020 година со „Медена земја“.


