
Македонското Собрание денеска работеше на „брза лента“ и без многу дебата донесе неколку клучни кадровски и законски решенија, меѓу кои и изборот на поранешниот вицепремиер Бојан Маричиќ за нов прв човек на Државната изборна комисија (ДИК).
Со 83 гласови „за“, пратениците го потврдија Маричиќ како предлог на опозицискиот СДСМ, почитувајќи го законското правило претседателот на ова тело да доаѓа од редовите на опозицијата. Во новиот состав остануваат и искусни имиња како Борис Кондарко и Александар Даштевски, додека потпретседателското место му припадна на Абдуш Демири.
Кривичен законик: Правда или „шминка“?
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Покрај кадровските промени, Собранието ги изгласа и измените на Кривичниот законик, со што се исполни барањето на Уставниот суд, иако рокот беше пробиен за четири месеци. Власта тврди дека со ова се исправа неправдата од 2023 година и се воведуваат казни за злоупотреба на интимни снимки, но опозициската Левица одби да гласа.
„Ова е само шминкерско решение за да се запази рокот. Делата поврзани со јавни набавки се декриминализираат и се создаваат услови за застарување“, обвини пратеничката Јована Мојсоска.
Скандалозно повлекување на кандидатката Ахмед
Најголемо внимание и неверување предизвика изборот на членови за Комисијата за заштита од дискриминација. Додека Лимко Бејзароски и Наташа Амдију беа избрани, кандидатката Џинан Ахмед се повлече по скандалозниот настап на комисиската расправа.
Таа претходно се посрамоти пред јавноста покажувајќи елементарно непознавање, мешајќи ја Истанбулската конвенција (документ за заштита од насилство) со градот Истанбул, зборувајќи за Ататурк и носењето на марами, што предизвика остри реакции од невладиниот сектор.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








