во ,

Сонце и облаци за викендот: Дневните температури денеска до 13 степени

Времето денеска (сабота, 20 декември) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но по котлините утрото започнува со појава на магла.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринските температури се движат од -3 до 2 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 13 степени.

Супер Попуст -25%

Во Скопје времето е тивко и магливо, со утринска температура од -3 и дневна до 8 степени.
Што нè чека од вторник?

Стабилното време ќе се задржи уште два дена.

До вторник: Претежно тивко со магла по котлините.

Од вторник попладне: Започнува промена на времето со повремени локални врнежи од дожд.

Снег: На планините и на повисоките места, дождот ќе помине во снег.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дубаи под вода: Пустината се претвори во мочуриште, улиците станаа реки

Европа „извезува“ работни места: 73% од компаниите користат „аутсорсинг“