во ,

Чадорите при рака: Попладне пристигнува дожд, на планините снег

Времето денеска (вторник, 23 декември) започнува со променлива облачност и утринска магла по котлините, но попладнето носи влажен бран.

Според УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта започнуваат локални врнежи од дожд. На планините дождот ќе премине во снег. Температурите денеска се движат од -3 до 3 (утрински) и од 5 до 12 степени (дневни).

Супер Попуст -25%

Во Скопје претпладнево е тивко и магливо. Врнежите од дожд во главниот град се очекуваат во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

Што нè чека утре и задутре?

Среда и четврток ќе бидат најврнежливите денови:

Обилни врнежи: На места ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен.

Снег: Поради спуштање на студен воздух од север, дождот ќе премине во снег и на некои повисоки населени места (не само на врвовите).

Снежна покривка: На планините се очекува слој од 5 до 10 сантиметри.

Стабилизирање на времето се очекува дури од петок.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ахмети се закани со улица: Јас не претставувам мачки, туку лавови – ако излезам, нема враќање!

Опасноста демне и кога „се дише“: ПМ10 паѓаат, но опасните ПМ2.5 честички остануваат високи