во ,

КИЕВ ВО МРАК: Рускиот напад остави 600.000 луѓе без струја!

Повеќе од 600.000 жители во Киев и околните региони утринава останаа без електрична енергија по масивен руски напад врз енергетската инфраструктура.

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека над 500.000 од погодените се наоѓаат во самиот главен град. Нападот предизвика хаос во транспортот и функционирањето на болниците, а официјален Киев тврди дека покрај енергетски погони и трафостаници, директно биле погодени и станбени згради.

Огнен дожд: 600 дронови и 36 ракети во една ноќ

Супер Попуст -25%

Според официјалните податоци, Русија за само една ноќ лансирала околу 36 ракети и дури 600 дронови. Во нападите загинале три лица, а десетици се повредени. Иако Москва тврди дека цел биле воено-индустриски објекти, штетите врз цивилната инфраструктура се огромни. Компанијата „DTEK Energy“ успеа да врати струја во околу 360.000 домаќинства, но голем дел од градот сè уште е во темница.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп се закани со војна: „Копнените напади во Венецуела почнуваат многу наскоро!“

Наследството на Александар Македонски: Пронајдено торзо на стадион граден од неговите војници!