
Мицкоски со божиќна порака: „Да подадеме рака и да градиме посилна Македонија“
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните кои денеска го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. Посакувајќи им благосостојба, духовен мир и здравје, тој истакна дека овој голем празник е суштината на дарувањето, љубовта и меѓусебното разбирање. „Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж и топлина, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила“, порача Мицкоски.
Повик за единство и грижа за најранливите
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Во своето обраќање, премиерот повика на солидарност кон најранливите категории и надминување на разликите. Тој нагласи дека должноста на оваа генерација е да изгради стабилна и економски силна држава, во која младите ќе ја гледаат својата иднина. „Заедно сме посилни и можеме да ги надминеме сите препреки“, заклучи Мицкоски со традиционалниот поздрав: „Христос се роди!“.


