
Внимание возачи: Густа магла ја намали видливоста на клучните патни правци, некаде и под 50 метри
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно суви коловози, но временските услови налагаат максимална внимателност. Густа магла го отежнува движењето на голем дел од патната мрежа, при што видливоста е значително намалена, што бара прилагодена брзина и држење безбедно растојание.
Критични точки: Каде е најгуста маглата?
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Најтешка е ситуацијата на потегот Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен, како и кон Македонски Брод, Кичево и Дебар, каде видливоста изнесува само 50 метри. Намалена видливост од 100 до 200 метри е регистрирана на делниците Тетово – Скопје – Куманово, како и на потегот Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Демир Капија.


