
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против американски државјанин со потекло од Нигерија, откако рутинска легитимација прерасна во насилен инцидент и откривање на сериозно количество оружје.
Инцидентот се случил вчера рано наутро пред ноќен клуб во Градскиот парк. Осомничениот со тупаници нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира, нанесувајќи му телесни повреди. Откако бил совладан, кај него бил пронајден пиштол „Глок“ (9 мм) и две рамки со 30 куршуми.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Вистинскиот шок за истражителите следел по претресот на неговата соба во еден скопски хостел, каде е пронајдена тактичка опрема што укажува на сериозни намери:
Уште еден пиштол „Глок“ со 3 рамки и муниција.
Дополнителни 75 куршуми во ќеси.
Три ножа, фантомка и тактички ракавици.
Сајли за врзување (затегнувачи).
Обвинителството побара мерка притвор, наведувајќи дека постои опасност од бегство и можност да изврши друго кривично дело.


