
Денеска точно во 11:00 часот во Владата започнува седницата на Економско-социјалниот совет, на која ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Ова е прв сериозен обид да се усогласат ставовите за минималната плата за наредната година.
Главната тема е висината на минималната плата.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Синдикатите (ССМ) притискаат за зголемување, повикувајќи се на анкети каде работниците сметаат дека минималецот треба да биде 600 евра, со оглед на тоа што синдикалната кошничка за декември скокна на 65.492 денари.

Работодавачите (Бизнис конфедерацијата) се согласни за раст на платите, но под услов: државата да не ги зголемува придонесите, туку тие да останат на исто ниво (да се намалат стапките за да се компензира растот на нето износот).
Владата зазема став на „набљудувач“ – ќе прифатат секакво решение што е консензус меѓу двете страни. Ако нема договор, ќе се примени законската формула за усогласување.
Нова „Државна кошничка“

Освен платите, заменик-министерот Марјан Ристески најави новитет: Од 1 јануари, покрај синдикалната, ќе се пресметува и „просечна потрошувачка кошничка“ на државно ниво. Ова треба да ѝ помогне на Владата во креирањето на економските стратегии.
Исто така, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ќе го отвори прашањето за додатоците на плата во јавниот сектор, кои со години се замрзнати.


