
Одбиен предлогот за минимална плата од 600 евра
Во своето најново соопштение, СДСМ посочува на контрадикторноста во економските политики на актуелната Влада. Партијата потсетува дека нивниот предлог-закон за зголемување на минималната плата на 600 евра беше неодамна одбиен во Собранието.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Според СДСМ, вината за непокачувањето на минималецот лежи кај владејачкото мнозинство и нивните коалициски партнери:
- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законското решение.
- Пратениците од Левица не биле присутни во салата за време на гласањето.
- Пратениците од ЗНАМ не дадоа поддршка за предлогот.
Синдикалната кошничка руши рекорди
Опозицијата алармира за тешката економска состојба на граѓаните, посочувајќи дека во моментов дури две минимални плати не се доволни за да ја покријат намалената владина потрошувачка кошничка. Доколку се вкалкулираат и трошоците за кирија, синдикалната кошничка надминува 90.000 денари.
Од партијата забележуваат дека цените на основните производи и горивата достигнале плафон, а антикризните мерки предложени од СДСМ на почетокот на кризата биле целосно игнорирани.
„Просек од илјада евра плата не се прави со говор. Се прави со дела, со покачување на минималната плата и со намалување на синдикалната кошница. Нема 600, има илјада. Нема плата, има цртање. На бајките им нема крај, а сметката ја плаќа народот“, се наведува во соопштението на СДСМ.


