во ,

Силен ветер го разгоре пожарот кај Вељуса и Ангелци

Пожар избувна попладнево во атарот меѓу селата Вељуса и Ангелци во струмичко, а поради силниот ветер огнот брзо се ширел

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Струмица, била зафатена поголема површина со сува трева и трски. Пожарот избувнал околу 12.30 часот и поради временските услови постоела опасност од негово натамошно проширување.

Интервенција со две возила

Супер Попуст -25%

ТППЕ Струмица интервенирала со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители. Благодарение на брзата реакција, пожарот бил целосно изгаснат околу 15.00 часот.

Со навремената интервенција е спречено ширење на огнот и предизвикување поголема материјална штета.

Апел до граѓаните

Надлежните потсетуваат дека во случај на пожар или друга природна непогода граѓаните можат да се јават на бројот 112 или 193.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Златното време на Америка“: Трамп со рекордно најдолг говор во Конгресот

Хорор во Велика Горица: Детска урина открила шокантна вистина