
Американските власти блокираа вкупно три нафтени танкери во близина на Венецуела, спроведувајќи ја најавата на претседателот Доналд Трамп за целосна блокада на извозот на нафта од оваа земја.
Последниот танкер бил пресретнат во меѓународни води, под сомнение дека превезува нафта спротивно на режимот на санкции. Ова е дел од поширока стратегија за економски притисок врз режимот во Каракас поради „недемократски практики“.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Трамп минатата недела беше дециден: Сите санкционирани танкери што патуваат кон или ја напуштаат Венецуела ќе бидат предмет на блокада.
Додека САД ова го нарекуваат спроведување на законот, венецуелските власти го осудија чинот како нелегален и спротивен на меѓународното право. Аналитичарите предупредуваат дека ваквата агресивна блокада може да предизвика не само регионална нестабилност, туку и потреси на глобалниот пазар на нафта.


