во , ,

10-те Најчудни места во светот кои вреди да ги посетите

6. Кристална пештера, Мексико

Пештерата била откриена од рудари во 2000-та година и се наоѓа 300 метри под површината на земјата. Во главната просторија се наоѓа огромен селенит, еден од најголемите кристали коишто се пронајдени до сега. Најголемиот кристал во пештерата е долг 12 метри и широк 14, а тежи цели 55 тони. Пештерата е навистина топла и температурата достигнува 58 степени Целзиусови, а влажноста на воздухот е од 90% до 99%. Пештерата е сè уште неистражен, а без правилната опрема, луѓето можат да поминат само 10-тина минути внатре.

7. Ледената пештера Менденхал, Алјаска

Оваа ледена покривка се наоѓа во внатрешноста на глечерот Менденхал на Алјаска. Влезот на пештерата е близу местото каде што тој се спојува со водата. Достапноста на пештерата зависи од годишната сезона, поместувањето на глечерите, но и неколку други фактори.

8. Сино Езеро, Швајцарија

Синото Езеро и неговата магична боја привлекуваат голем број туристи. Езерото е опкружено со национален парк во кој се наоѓаат многу места за пикник, ресторани, мали музеи и патеки за романтична прошетка.

9. Крвав водопад, Алјаска

Поради овој водопад, глечерот Тејлор изгледа како да крвари. Железото кое се наоѓа во водата доаѓа во контакт со воздухот, па резултатот е оваа препознатлива црвена боја. Во целиот процес помагаат и микробите кои се наоѓаат во водата.

10. Островот на мачките, Јапонија

Малиот јапонски остров Ташироџима е познат и како Остров на мачките – овде мачките се 6 пати побројни од луѓето. Во 2011-та година, островот бил погоден од катастрофално цунами, а суеверните жители сметале дека токму мачките ги заштитиле од најлошото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 Смешни слики и гифови кои ќе ви докажат дека мачките се во течна состојба

16 гифови покажуваат зошто стаклата во зоолошките градини се толку важни