во , ,

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

4. „Зоната на тишината“ во Мексико

Оваа природна аномалија поттикнува многу теории на заговор и приказни со вонземјани. Зоната на тишината е пустина во Мексико, во којашто нема радио сигнал и честопати уредите не работат овде. Во 70-тите години на минатиот век, една истражувачка станица којашто била лоцирана таму пронашла некои необични работи коишто го привлекле вниманието на научниците. Откриена била магнетна аномалија, којашто може да е причината зошто некои уреди не работат во оваа област. Исто така, било забележано дека зрачењето од УВ-зраците е за 30% повисоко од нормалното. Научниците веруваат дека овој природен феномен е реален.

3. Карпи премачкани со пустинска глазура

Реклама

Многу карпи во пустините се покриени со чудна материја позната под името „пустинска глазура“. Она што е интересно во врска со оваа појава, е тоа што древните народи гравирале слики на ваквите карпи, коишто можат да се видат и до ден денес. И покрај тоа што научниците откриле од што била сочинета глазурата – глина, железо, микроорганизми и манган, се уште не е познато што го создава овој слој на карпата. Воедно, се претпоставува дека глазурата ја формираат самите микроорганизми коишто се наоѓаат на карпата, со цел да се заштитат себеси, но сепак и ова е само теорија.

2. Песочната дина на планината Болди

Многу опасна, природна аномалија е пронајдена на планината Болди, во Калифорнија. Оваа планина е во суштина песочна дина, којашто често е опишувана како „жива и движечка“, бидејќи се поместува по околу 1 метар годишно. Она што е навистина опасно во врска со оваа планина, се мистериозните дупки коишто се појавуваат на дините.

Тие за првпат биле забележани од страна на еден млад турист, односно 6-годишно момче коешто паднало внатре во дупката. За среќа, спасувачки тим веднаш дошол на теренот и момчето било пронајдено и спасено. После оваа незгода, научниците почнале да го истражуваат потеклото на овие мистични дупки, но не можеле да откријат од што се појавуваат. Претпоставуваат дека станува збор за некој нов геолошки феномен.

1. Ледено цунами

Овој уникатен и застрашувачки природен феномен, се појавува само во услови на прецизна брзина на движење на ветерот и точна температура. Мразот понекогаш ги напушта езерата и доаѓа кон копното, во облик на ледено цунами. Секако, тоа е побавно од водата, но сепак може да се движи прилично брзо и е тешко да се сопре. Луѓето коишто имаат доживеано ледено цунами, велат дека звукот е сличен како тој на дождот, но самиот звук не е страшниот дел, туку пустошот којшто може да го остави зад себе. Истражувањата за овој феномен, се сè уште во тек.

Бонус природна аномалија

Неодамна, чудна линија се појави на „Google Earth“ којашто се протега од едниот до другиот пол на Земјата. Потоа, корисници на Интернет започнаа да споделуваат фотографии од слични линии коишто ги забележале на небото. Што мислите дека би можела да биде причината за појавата на овој феномен?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Интернет корисници ги рекреирале фотографиите од нивните предци за да ја илустрираат моќта на гените

9 Најубави места на Земјата за кои сигурно немате слушнато