
Русија и Кина се подготвуваат да лансираат над 80 заеднички инвестициски проекти во вредност од околу 200 милијарди долари, со што драстично ќе го променат глобалниот економски пазар.
Според Борис Титов, специјален претставник на рускиот претседател, Москва воведува даночни олеснувања за да ги охрабри кинеските партнери да преминат од обичен увоз кон локализирање на производството на територијата на Русија. Оваа стратегија има за цел да ја зацврсти економската независност и соработката меѓу двете велесили.
Кинеските компании ги истиснуваат западните
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Како успешен пример за оваа соработка се посочува автомобилската индустрија, конкретно проектите „Хавал“ и „Москвич“, како и плановите за новата „Волга“. Титов нагласи дека до 2025 година, бројот на регистрирани кинески компании во Русија ќе достигне 13.000, бројка што значително го надминува присуството на западните компании на рускиот пазар.


