
Од почетокот на годинава до 27 ноември, во Македонија се регистрирани 38 нови случаи на ХИВ/СИДА, а за жал, евидентирани се и осум смртни исходи поврзани со болеста.
Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод Светскиот ден за борба против СИДА, бројот на новозаразени бележи пад од 25,5% во споредба со истиот период лани (кога имало 51 случај). Сепак, вирусот покажува јасна демографска слика: од 38-те нови случаи, дури 37 се мажи, а само едно лице е жена. Просечната возраст на новооткриените е 35 години, при што најпогодена е младата популација на возраст од 20 до 39 години.
Загрижувачки тренд: 32% од вкупните случаи се откриени во последните 5 години
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Иако Македонија сè уште спаѓа во групата земји со ниска преваленца, ИЈЗ предупредува на долгорочен растечки тренд на епидемијата. Податокот што загрижува е дека дури 32 проценти од вкупно 726-те регистрирани случаи (од почетокот на евиденцијата во 1987 година до денес) се откриени само во последните пет години. Во однос на начинот на пренос, кај најголем дел од новите случаи за оваа година (29) станува збор за инфекција во рамките на МСМ популацијата (мажи кои имаат сексуални односи со мажи), додека кај пет лица е регистриран хетеросексуален пренос.


