
„Можеш да си го спасиш животот само ако веднаш ја напуштиш земјата“: Трамп со жесток ултиматум до Мадуро додека американската војска се групира на Карибите.
Додека Вашингтон се подготвува за копнени напади во Венецуела, тајниот телефонски разговор меѓу Белата куќа и Каракас завршил во ќорсокак. Според изворите, САД му понудиле на Николас Мадуро безбеден излез за него и семејството само ако веднаш поднесе оставка. Мадуро, пак, барал глобална амнестија за сите злосторства и задржување на контролата врз војската (слично на сценариото во Никарагва од 1991), што Вашингтон категорично го одбил.
Мадуро прогласен за терорист, пристигна носачот на авиони „Џералд Р. Форд“
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Ситуацијата ескалира откако Стејт департментот формално го означи „Cartel de los Soles“ (наводно воден од Мадуро) како странска терористичка организација, ставајќи го венецуелскиот лидер во иста правна категорија со водачите на ИСИС. Трамп најави дека воздушниот простор е „затворен“ и дека копнените операции почнуваат „многу наскоро“. Во меѓувреме, во близина на брегот на Венецуела распоредени се огромни воени сили, вклучително и најголемиот носач на авиони во светот, нуклеарна подморница и ловци Ф-35, а распишана е и награда од 50 милиони долари за главата на Мадуро.


