
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, пристигна во Бејрут од Турција со силна порака до Либанците: „Останете во својата земја“.
Во услови на тежок економски колапс кој предизвика масовна емиграција, папата упати апел за „помирување“ и надминување на длабоките општествени поделби. Неговата посета доаѓа во критичен момент кога земјата стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел, но тој во својот говор во претседателската палата се фокусираше на потребата од мир, без директно да ги спомене неодамнешните бомбардирања.
Лекција за политичката елита: „Служете му на народот“
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Папата упати и остра порака до владејачката класа во Либан, нагласувајќи дека властите и институциите мора да препознаат оти „општото добро е поголемо од доброто на која било група“. Тој побара од политичарите да му служат на народот со посветеност и преданост, наместо да ги следат парцијалните интереси кои ја држат земјата во криза.


