во ,

Се разбуди од кома за да се соочи со правдата: 59 обвиненија за терористот од Сиднеј

Дваесет и четиригодишниот Навид Акрам, осомничен за масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е официјално обвинет за вкупно 59 кривични дела, вклучувајќи 15 убиства, откако вчера се разбуди од кома.

Акрам беше тешко ранет во престрелка со полицијата, во која беше убиен неговиот татко и соучесник, 50-годишниот Саџид Акрам.

Супер Попуст -25%

Нападот, кој беше насочен кон еврејски фестивал, полицијата го оквалификува како терористички чин. Покрај обвиненијата за убиство, Навид се товари и за тероризам, десетици обиди за убиство, нанесување тешки телесни повреди, јавно истакнување симболи на забранета терористичка организација, како и за поставување експлозиви со намера да предизвика штета.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп нареди целосна блокада на нафтените танкери: „Венецуела мора да ни ги врати нафтата и земјата“

ВМРО-ДПМНЕ: Со тактизирањето на оставката, Коцевски купуваше време за своите наредбодавци