
Есенска суперхрана: Зошто треба да јадете костени секој ден?
Со доаѓањето на студените денови, на трпезите се враќа еден од најздравите есенски плодови. Костенот не е само вкусен десерт, туку вистинска витаминска бомба богата со минерали и витамини од Б-комплексот, А и Ц. Поради високата енергетска вредност, тој е идеален избор и посебно се препорачува за деца, спортисти и бремени жени.
Единствен јаткаст плод со Витамин Ц
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Она што го прави костенот уникатен е фактот што тој е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц, а неговата дебела кора ги штити нутритиентите дури и при термичка обработка. Дополнително, тој е природен сојузник на срцето бидејќи го намалува лошиот холестерол, а бидејќи не содржи глутен, претставува совршена намирница и за лицата со интолеранција.


