во ,

Трамп го стега обрачот: Три танкери со венецуелска нафта блокирани на отворено море

Американските власти блокираа вкупно три нафтени танкери во близина на Венецуела, спроведувајќи ја најавата на претседателот Доналд Трамп за целосна блокада на извозот на нафта од оваа земја.

Последниот танкер бил пресретнат во меѓународни води, под сомнение дека превезува нафта спротивно на режимот на санкции. Ова е дел од поширока стратегија за економски притисок врз режимот во Каракас поради „недемократски практики“.

Супер Попуст -25%

Трамп минатата недела беше дециден: Сите санкционирани танкери што патуваат кон или ја напуштаат Венецуела ќе бидат предмет на блокада.

Додека САД ова го нарекуваат спроведување на законот, венецуелските власти го осудија чинот како нелегален и спротивен на меѓународното право. Аналитичарите предупредуваат дека ваквата агресивна блокада може да предизвика не само регионална нестабилност, туку и потреси на глобалниот пазар на нафта.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Експлозија во срцето на Москва: Ликвидиран рускиот генерал-потполковник Фанил Сарваров

Божиќна честитка од Белата куќа: Царините донесоа 235 милијарди долари во буџетот на САД