
МНР со апел: Македонските државјани во Мексико да ја напуштат земјата
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико, поради влошената безбедносна состојба, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
Достапни контакти за помош
Министерството ги става на располагање своите капацитети за асистенција преку 24-часовниот СОС телефон +389 75 268 736 и електронската адреса [email protected].
Дополнително, достапен е и дежурниот телефон на Дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон: +1 (202) 758-7798, како и е-маил адресата [email protected].
Континуирано следење на состојбата
Од МНР информираат дека внимателно ја следат ситуацијата и навремено ќе ја известуваат јавноста за евентуални нови препораки или мерки.


