
Терестрична дезинсекција подразбира дека третирањето ќе се врши директно од земја, односно со специјализирани возила и опрема кои се движат по теренот, а не од воздух. Целта на оваа акција е да се третираат местата каде што најчесто се размножуваат комарците, со особен фокус на стоечките води и други погодни влажни површини.
Можно одложување при лоши временски услови
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Од Град Скопје информираат дека реализацијата на оваа активност директно зависи од временските услови во најавениот период.
„Доколку временските прилики не дозволат спроведување на дезинсекцијата на 18 август, акцијата ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот нареден ден кога ќе има поволни временски услови,“ посочуваат од градската администрација.
Важен апел до пчеларите
Надлежните служби упатуваат и важно известување до сите пчелари кои имаат свои сандаци на територијата на Скопје и околината. Се препорачува тие навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на своите пчели од средствата кои ќе се користат за време на терестричната дезинсекција.


