
Топол петок пред викенд-пресвртот
Според најавите на метеоролозите, времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Низ државата ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури се движеа во интервал од 12 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 30 до високи 35 степени Целзиусови.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Слична е временската слика и за главниот град. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и температура до 34 степени. Сепак, во попладневните часови во делови од скопската котлина не се исклучуваат условите за развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
„Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни.“
Циклон носи поројни дождови и силен ветер
Вистинскиот есенски бран пристигнува за време на викендот. Поради влијанието на циклонска активност, локалните врнежи на места ќе бидат поројни и пообилни со над 15 литри на метар квадратен, проследени со грмежи и засилен северен ветер кој ќе надмине брзина од 40 километри на час.
Ваквите нестабилни временски прилики ќе предизвикаат и драстичен пад на температурите, кој особено ќе се почувствува почнувајќи од сабота. По овој бурен викенд, синоптичарите најавуваат смирување на атмосферата, па до средината на следната седмица државата ја очекува релативно стабилно, но значително посвежо време.


