
Само три депонии со дозвола во цела држава
Горењето на отпадот на нестандардната депонија „Краста“ во Куманово, која е активна веќе шест месеци, како и пожарите на депонијата во Струмица, според ДОМ, бараат итни и суштински промени бидејќи воздухот се загадува со опасни соединенија како диоксини и фурани.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Загрижувачки е податокот дека „Краста“ се користи со одлука на Општина Куманово, но нема дозвола за депонирање од Министерството за животна средина. Всушност, законски дозволи во целата држава имаат само три депонии:
- Депонијата „Дрисла“ во Скопје
- Депонијата во Гевгелија
- Депонијата во Гостивар
Од партијата потсетуваат дека регионалниот систем за управување со отпад доцни со години, а регионалната депонија кај Свети Николе сè уште не е реализирана, поради што бараат преиспитување на досегашниот пристап и конкретни решенија наместо празни ветувања.
Предлог за централна постројка и енергетско искористување
Покрај регионалните системи, ДОМ бара да се анализира можноста за изградба на централна постројка за енергетско искористување на отпадот. Се проценува дека ваква инвестиција би чинела од 100 до 120 милиони евра и би имала капацитет за обработка на 300.000 тони отпад годишно. Сепак, тие нагласуваат дека оваа постројка мора да биде оправдана со студија за изводливост, транспарентна постапка и строги еколошки стандарди, и да биде лоцирана надвор од населени места.
„Енергетското искористување не смее да ги замени селекцијата и рециклирањето, туку да ги надополни. Сите досегашни влади ја задолжуваа државата со милијарди евра. Ако се задолжуваме, средствата мора да се вложуваат во функционални системи што носат долгорочна корист за граѓаните. Чистиот воздух и здравјето на луѓето мора да бидат приоритет“, порачуваат од ДОМ.


