во

АЛАРМАНТНО: Нов смртен случај од западнонилска треска, 35 заболени и шестмина во критична состојба!

Црниот биланс од западнонилската треска во земјава се зголеми откако за време на викендот почина уште еден пациент, со што вкупниот број на жртви достигна три. Здравствените власти потврдуваат 35 лабораториски утврдени случаи, додека шест лица се во критична состојба на Инфективната клиника.

Според информациите од директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, најновиот починат е 61-годишен пациент со сериозни придружни заболувања. Во моментов на клиниката се лекуваат 16 пациенти, од кои шестмина се во Одделот за интензивна нега. Иако најкритичните пациенти се на возраст над 60 години, лекарите предупредуваат дека вирусот не ги заобиколува ниту помладите, па така меѓу хоспитализираните има и 25-годишно момче со невроинвазивна форма на болеста.

Реакција на институциите и таргетирано прскање

Супер Попуст -25%

Министерот за здравство, Сашо Клековски, истакна дека се информирани сите инфективни одделенија и матични лекари, додека Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши вонредни проверки на плановите за дезинсекција во Скопскиот Регион. Фокусот сега се префрла на поефективно, таргетирано прскање од земја наместо аеропрскања, со цел уништување на леглата на комарците во застоените води.

„Август и септември историски се врв на ваквите епидемии. Ги повикуваме сите засегнати општини на зголемена дисциплина, празнење на стоечките водни површини и максимална лична заштита од убоди,“ порача Клековски.

Контроли на живината и дивите птици

Освен комарците, надлежните потсетуваат дека можни пренесувачи на вирусот се и дивите птици и слободната живина. Министерството апелира граѓаните да пријавуваат угината живина или птици до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), додека во загрозените региони наскоро започнуваат и дополнителни ветеринарни контроли.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ФРИДРИХ МЕРЦ ПО ОДЛУЧЕН НАПАД СО ДРОН: „Оние што стојат зад ова ќе платат за тоа!“

Јасен став: Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека ќе ја напушти Србија во случај на изборен пораз.