
Возите 57 км/ч во зона 50? Камерите на „Безбеден град“ веќе пишуваат казна
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги разјасни дилемите околу толеранцијата на новите сообраќајни камери. Правилата се идентични како и кај полициските радари: за брзини до 100 км/ч толеранцијата е 6 км/ч, што значи дека ако ограничувањето е 50, казната стигнува штом ќе возите 57 км/ч. За брзини над 100 км/ч толеранцијата е 8 км/ч, а за оние над 200 км/ч таа изнесува 12 километри.
Нема привилегии: И службените возила ќе плаќаат казни
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Системот ќе биде ригорозен и кон државните возила. Тошковски нагласи дека возилата на МВР, Итната помош, Армијата и Противпожарната служба ќе бидат изземени од казни само кога се на службена задача (со вклучени ротации и оправдана оперативна потреба). Во спротивно, доколку не постои итна причина за брзање, системот ќе ги процесуира исто како и сите останати граѓани.


