во ,

Геополитички земјотрес: Трамп тврди дека Гренланд е полн со руски и кинески бродови

Трамп не се откажува: „Гренланд ни треба за националната безбедност, мора да го имаме!“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја разбранува светската јавност со изјавата дека на САД им е неопходен Гренланд. Од Флорида, тој порача дека островот е клучен за американската национална безбедност, посочувајќи на наводното зголемено присуство на руски и кинески бродови долж брегот. За да ги забрза работите, Трамп веќе го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник задолжен да ја „турка работата напред“ за Гренланд да стане дел од САД.

Жесток одговор од Копенхаген: „Не може туку-така да анектирате држава“

Супер Попуст -25%

Реакциите од Данска и Гренланд се остри и моментални. Премиерките Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен во заедничка изјава порачаа дека „Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“ и дека во 21 век не може едноставно да се анектира друга земја. Данскиот министер за надворешни работи најави итно повикување на американскиот амбасадор, оценувајќи го потегот како „целосно неприфатлив“ за сојузниците.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Косово добива „мускули“: Пристигна моќното противтенковско оружје од Германија

Тирана во пламен: Демонстрантите со „молотови коктели“ го нападнаа кабинетот на Рама