во

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ШИРИ: Вирусот стигна и до Арачиново, вкупно 34 заразени!

Три нови случаи на западнонилска треска се потврдени во земјава, со што вкупниот број на регистрирани случаи оваа сезона достигна 34 лица, информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Опасниот вирус кој се пренесува преку каснување од заразен комарец, сезонава за првпат е детектиран и кај жител на скопско Арачиново.

Идеални услови за размножување на комарците

Супер Попуст -25%

Според епидемиологот Љуљзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје – Скопје, во ова подрачје постојат идеални услови кои во голема мера придонесуваат за неконтролирано размножување на комарците, како што се канали, базени и застојани води.

Статистиката покажува дека најголем број од случаите досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, при што речиси половина од сите случаи се директно поврзани со населбата Драчево.

„Во иднина дезинсекцијата треба да започнува многу порано. Потребно е да се анализира ефикасноста на средствата што се користат против комарците, односно да се утврди дали постои отпорност кај нив и, доколку е потребно, да се применат други посилни препарати,“ посочува Бајрами.

Два смртни случаи и прогласена епидемија

Во Македонија досега се регистрирани и два смртни случаи поврзани со западнонилската треска. Станува збор за пациенти на возраст од 72 и 83 години, кои покрај инфекцијата со вирусот имале и повеќе хронични заболувања кои дополнително ја влошиле нивната клиничка слика.

Поради континуирано зголемениот број на случаи, Центарот за јавно здравје – Скопје на 12 август официјално прогласи епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини и населби. Мерката ги опфаќа општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и населените места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УЖАС ВО ТЕТОВО: Притвор за татко кој се заканувал дека ќе ги запали сопругата и ќерката!

ОВА НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧУВАЛО: Богатите и стручњаците масовно го напуштаат Израел!