во ,

Земјата се отвори кај Мегленци: Патот Новаци – Маково веќе не постои

Драматични сцени во Пелагонија: Свлечиште го „проголта“ патот Новаци – Маково

Сериозен инцидент го прекина сообраќајот во Пелагонискиот регион. Регионалниот пат Новаци – Маково, во близина на депонијата Мегленци, е целосно непрооден откако се активирало масивно свлечиште. Видеата на социјалните мрежи сведочат за страотна глетка – асфалтот е пропаднат и исчезнат под земјата. За среќа, во моментот на уривањето немало возила, па е избегната поголема трагедија без човечки жртви.

РЕК Битола на терен, граѓаните да бараат алтернатива

Супер Попуст -25%

Градоначалникот Стевче Стевановски предупреди на опасноста, а екипи на РЕК Битола и „Македонија пат“ веќе се на терен за итна санација. Ова е втор ваков случај за кратко време, откако слично свлечиште неодамна се појави и во Липково. Надлежните апелираат возачите строго да го избегнуваат овој правец и да користат алтернативни рути додека теренот не се стабилизира.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Морничава глетка во Струмица: Пронајдена мртва жена во езерцето во Градскиот парк

Замина легендата: Загина Винс Зампела, човекот што го создаде „Call of Duty“