во

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ТЕТОВО: Доделени 145 решенија за вработување во Клиничката болница по цела деценија неизвесност!

Во Клиничката болница во Тетово свечено беа доделени 145 решенија за вработување на здравствен кадар кој со години работеше без регулиран статус. На настанот присуствуваа високи владини функционери, лидерите на коалицијата ВЛЕН, како и министерот за здравство, Сашо Клековски.

Решенијата ставаат крај на повеќегодишната агонија на десетици работници кои повеќе од една деценија опстојуваа со договори на дело, соочувајќи се со доцнења на платите и неизвесност. Министерот Сашо Клековски истакна дека со овој чекор се заокружува проектот за трајно вработување на 1.150 лица со договор на дело на територијата на целата држава.

Супер Попуст -25%

„Со овој чекор го завршуваме проектот за вработување на 1.150 лица со договор на дело. По еден до два месеци ќе продолжиме со завршување на вториот проект за вработување на 600 специјализанти, од кои 22 ќе бидат распоредени токму во Клиничката болница во Тетово,“ нагласи министерот Клековски.

Историски чекор за тетовската болница и нови огласи

Директорот на Клиничката болница во Тетово, Ерзен Елези, го оценил денот како историски, потсетувајќи дека покрај инвестициите во современа медицинска опрема, на институцијата најмногу ѝ бил потребен сигурен и квалификуван кадар. Елези најави дека во текот на септември се очекува распишување на нови огласи за вработување на 25 административни и 12 технички работници.

„Сметам дека со овие чекори ќе успееме да ги оствариме нашите цели и да ја издигнеме Клиничката болница во Тетово на ниво на универзитетска клиника,“ изјави директорот Ерзен Елези.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СРБИЈА КОН ШЕНГЕН ДО 2027 ГОДИНА: Белград ги почнува подготовките, но визите за Русите остануваат чувствителна тема!

ТАЖНА ВЕСТ ЗА СВЕТСКАТА МУЗИКА: Почина легендарната кралица на кантри музиката, Доли Партон!