
Крвав викенд во Јужна Африка: Вооружена банда уби девет лица во бар, напаѓачите пукале и по улица
Вистински хорор се случил во местото Бекерсдал, во близина на Јоханесбург, каде група од дванаесетина вооружени мажи извршила брутален напад. Околу еден часот по полноќ, напаѓачите упаднале во локален бар и без предупредување отвориле оган, при што убиле најмалку 9 лица, а раниле уште десетмина.

Полицијата трага по сторителите кои побегнале со два автомобила, продолжувајќи да пукаат и додека бегале низ улиците. Ова е втор ваков масакр за кратко време, откако претходно во близина на Преторија беа убиени 11 лица. Јужна Африка останува една од најопасните земји во светот со стапка од 45 убиства на 100.000 жители.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден







