во

ЛДП бара безусловна гаранција од Владата: Не смее да има поскапување на струјата и парното греење!

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, предупредувајќи дека не смее да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети.

Потсетување на ветувањата и предупредување за нови ценовни удари

Во соопштението на ЛДП се потсетува дека актуелната Влада дошла на власт со ветувања оти ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, како што посочуваат од партијата, се враќа инфлаторниот притисок со најави за уште еден удар врз греењето и струјата.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Од ЛДП наведуваат дека парното греење во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто, како и најави за раст на цената на електричната енергија од два до три отсто.

Цветановски: Семејствата едвај го туркаат месецот до дваесеттиот ден

Членот на Извршниот одбор на ЛДП, Дејанчо Цветановски, укажува дека ниту една статистичка кошница пресметана во владините кабинети не може да ја скрие реалноста на терен, каде што цените на основните прехранбени производи и комуналните услуги растат, платите не ги следат трошоците, а сè повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден.

Од партијата порачуваат дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи изневерување на дадените ветувања и префрлање на сметките на грбот на народот, повикувајќи ја власта веднаш да ги исполни ветувањата за заштита на стандардот или да си замине од функциите.

„Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети“, порачуваат од Либерално-демократската партија.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поволно домување за брачните парови до 35 години и 20% попуст преку „М-услуги“ за студентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“