
Пекол пред Божиќ: Русија лансираше 600 дронови кон Украина, Зеленски најавува нови удари
Во најмасовниот напад во последните месеци, Русија истрела над 600 беспилотни летала и 30 проектили врз Киев и енергетската мрежа на Украина. Билансот е трагичен – најмалку три лица загинаа, меѓу кои и едно дете. Претседателот Володимир Зеленски истакна дека овој удар, токму пред Божиќ, јасно ги покажува приоритетите на Путин и предупреди дека Москва подготвува нов бран напади по празниците.
Киев во мрак, Полска ги крена ловците
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Поради недостиг на системи за противвоздушна одбрана, штетите се огромни, а воведени се и вонредни рестрикции на струја. Ситуацијата ја стави во приправност и соседна Полска, која ги подигна своите воени авиони. Истовремено, конфликтот ескалира обострано – додека украинската делегација се враќа од „конструктивни“ преговори во Мајами, украинските сили извршија напад врз нафтена постројка на „Лукоил“ во Ставропол.


